ВАШИНГТОН

Закана од нови кибернетички напади

14.02.2018 12:19

Русија, Кина, Иран и Северна Кореја се најголемите глобални опаности во виртуелниот простор...

Директорот на националното разузнавање Ден Коатс предупреди постои опасност од нови кибернетички напади.

„Хакерските групи употребуваат технологија која влијае врз поважните активности така што ова прашање треба да биде меѓу врвните приоритети“, додаде Коатс.

Според него, Русија, Кина, Иран и Северна Кореја се најголемите глобални опаности во виртуелниот простор, но и терористите и криминалните организации учествуваат во хакерски напади.