ЕЦБ: Криптовалутите не се добро платежно средство

14.02.2018 13:28

За стабилен монетарен и финансиски систем не ни се потребни крипто токени, туку централни банки кои имаат обврска да ги стабилизраат цените, како и ефиканса банкарска регулатива.

Дигиталните валути не се соодветна замена за конвенционалните пари, кои ги издаваат и зад кои стојат централните банки, изјави членот на Управниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ), Јенс Вајдман. Според него, крипто валутите, каква што е биткоинот, не се добро платежно средство, бидејќи нивната вредност се менува многу брзо.

За стабилен монетарен и финансиски систем не ни се потребни крипто токени, туку централни банки кои имаат обврска да ги стабилизраат цените, како и ефиканса банкарска регулатива. Ние во Еврозоната го имаме и едното и другото, изјави Вајдман, кој е гувернер на Германската централна банка.