Рочиште за случајот „Траекторија“ во Кривичен суд

14.02.2018 13:43

Одбраната во Кривичниот суд побара одложување на судењето, поради недобивање на записникот од 31-ви јануари. Специјалната обвинителка Стефанова побара од судот да не се произнесува за барањето на одбраната, бидејќи според неа, било несериозно ова да се прави пред самото судење.

Уште едно рочиште за случајот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство. Одбраната во Кривичниот суд побара одложување на судењето, поради недобивање на записникот од 31-ви јануари.

Специјалната обвинителка Стефанова побара од судот да не се произнесува за барањето на одбраната, бидејќи според неа, било несериозно ова да се прави пред самото судење.

За случајот „Траекторија“, односно за злоупотреби при изградба на автопатите, се обвинети поранешниот премиер Груевски, поранешниот вицепремиер Пешевски, екс министерот за транспорт Јанакиески и поранешниот директор за патишта Ѓоргиевски.