Турција: Антитерористичка операција вo Дијарбекир

14.02.2018 13:49

Според локалните власти во тие области може да се наоѓаат високи членови на сепаратистичката организација Курдска работничка партија, кои мора да се отстранат.

Властите во југоисточниот турски округ Дијарбекир воведоа полициски час во 176 реони, поради спроведување масовна антитерористичка операција.

Според локалните власти во тие области може да се наоѓаат високи членови на сепаратистичката организација Курдска работничка партија, кои мора да се отстранат.

Антитерористичката операција се спроведува паралелно со офанзивата на турската армија во северна Сирија наречена „Маслиново гранче“, насочена против силите за заштита на народот на сириските курди.