Јужноафриканска Република

Џејкоб Зума поднесе оставка

15.02.2018 10:40

Во телевизиското обраќање изјави дека се откажува од функцијата иако не се согасува со одлуката на Африканскиот национален конгрес кој го услови да избира меѓу оставка или со гласање недоверба во Парламентот.

Јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума поднесе оставка поради притисокот од сопартијците и обвинувањата за корупција.

Во телевизиското обраќање изјави дека се откажува од функцијата иако не се согасува со одлуката на Африканскиот национален конгрес кој го услови да избира меѓу оставка или со гласање недоверба во Парламентот.

75-годишниот Зума беше на власт од 2009 година.