Грција ја повика Турција да го почитува меѓународното право

15.02.2018 11:21

Атина и Анкара објавија различни ставови во врска со инцидентот во Егејско море, во кој турски патролен брод удри во брод на грчката пристанишна полиција во реонот на островот Имија/ Кардак...

„Турција е должна во целост да го почитува меѓународното и европското право, во тие рамки и морското право и лозанскиот договор, кој не може ниту да се ревидира, ниту да се актуелизира“, изјави грчкиот престедател Прокопис Павлопулос.

Атина и Анкара објавија различни ставови во врска со инцидентот во Егејско море, во кој турски патролен брод удри во брод на грчката пристанишна полиција во реонот на островот Имија/ Кардак, за којшто Грција и Турција спорат со години.