Македонската туристичка понуда на меѓународен саем во Софија

15.02.2018 12:13

Се подобрува промоцијата на македонскиот туристички производ на бугарскиот пазар со цел да се зголеми протокот на бугарски туристи во текот на целата година.

Туристичката понуда на Македонија- дел од меѓународниот саем за туризам „HOLIDAY & SPA EXPO“ во Софија. Се подобрува промоцијата на македонскиот туристички производ на бугарскиот пазар со цел да се зголеми протокот на бугарски туристи во текот на целата година.

Покрај  промоцијата на убавините на Македонија, од македонската Агенција за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), организираат активности за соработка и размена на искуства со чинителите на бугарскиот туристички пазар. Остварени се работни состаноци со македонскиот приватен сектор на кои се дискутирало за состојбите во туризмот и можностите за заедничка регионална промоција, соопшти АППТ. Директорот на Агенцијата, Љупчо Јаневски се сретнал со бугарски тур-опертори, асоцијации и здруженија на региони и општини за меѓугранична туристичка соработка.

Во изминативе пет години регистрирано е постојано зголемување на на бугарски туристи во Македонија. За нив Охрид и Скопје се најатрактивните дестинации, а преферираат и екскурзии во винскиот регион, како и посета на културни знаменитости, традиционални манифестации, спортски настани и бизнис патувања.