Анѓушев: За два месеца осум нови инвестиции

15.02.2018 13:14

Најнова е инвестицијата на фармацевтската компанија „Саген“ која склучила договор за инвестирање 20 милиони евра во ТИРЗ- Скопје 1, со што ќе се отворат 250 работни места.

Владата соопшти дека за два месеца во земјава влегле осум странски инвестиции. Најнова е инвестицијата на фармацевтската компанија „Саген“ која склучила договор за инвестирање 20 милиони евра во ТИРЗ- Скопје 1, со што ќе се отворат 250 работни места.

„За два месеци со нула потрошени пари имаме осум нови инвестиции со над 75 милиони евра и повеќе од 1.500 вработени, а за седум години со потрошени 225 милиони евра, имаше само 23 инвестиции. Уште не сме ја почнале Програмата, а веќе се потпишани нови осум договори, а во скоро време ќе има уште 30 нови договори за странски инвестиции“, изјави вицепремиерот Анѓушев и најави дека има заинтересираност и кај домашните компании за инвестирање.

Шест од странските компании кои се веќе присутни во земјава најавиле удвојување на своите капацитети по препознавањето на можностите што ги нуди Програмата за економски раст.

Анѓушев посочи дека инфраструктурата во скоро сите ТИРЗ не е дозавршена и додаде дека Владата во Буџетот предвидела средства за нејзино финиширање.