Атина

Самарас: Тужба против Ципрас за случајот „Новартис“

15.02.2018 14:05

Самарас смета дека целиот случај има и политичка заднина, бидејќи во иднина секоја нова влада „ќе може да користи наместени лажни сведоци за да ги уништи политичките противници“.

Поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, поднесе тужба против актуелниот претседател на Владата на Грција, Алексис Ципрас, поради вмешаноста на неговото име во случајот со фармацевтската компанија „Новартис“.

Самарас смета дека целиот случај има и политичка заднина, бидејќи во иднина секоја нова влада „ќе може да користи наместени лажни сведоци за да ги уништи политичките противници“.

Тој го обвини актуелниот грчки премиер дека додека бил во опозиција гласал против мерките на неговата влада за борба против корупцијата и намалување на фармацевтските трошоци.

Самарас е еден од десетте политичари чии имињата се споменати во предметот на истрагата за случајот со швајцарската компанија „Новартис“ за поткуп, пасивен поткуп и злоупотреба на службена должност.