„Госпоѓиците од Авињон“ премиерно во МНТ

15.02.2018 14:51

Македонскиот Народен Театар ја најави првата премиера во 2018-та година. „Госпоѓиците од Авињон“, работена по драмски текст на Сашо Димовски, а во режија на Ненад Витанов ќе биде изведена на 21-ви февруари на малата сцена на МНТ.

„Госпоѓиците од Авињон“ од 21-ви февруари на малата сцена на МНТ. Биографијата на петте жени музи на Пикасо е работена според драмски текст на Сашо Димовски. Режијата е на Ненеад Витанов. Со праизведбата МНТ ќе чествува 110 години од создавањето на сликата на Пикасо „Госпоѓиците од Авињон“, со која се поставени постулатите на Кубизмот.

Искра Ветерова, Звездана Ангеловска, Гордана Ендровска, Ана Стојановска и Софија Насевска- Трифуновска, се петте музи на Пикасо кој го игра Васил Зафирчев. Композитор на музиката е Калиопи Букле.

Авторот Димоски рече дека се обидел да го пронајде она што него го провоцира да пишува.  Да се отиде чекор понатаму во осознавањето себеси. Метафора на вечната потрага по суштината на уметноста и на гласот на текстот, рече е зуењето на една мува која е и сврзното ткиво на седумте сцени во неговиот драмски текст.

 

Александра Спировска