„Коцкар“ од Достоевски премиерно во Битолскиот театар

15.02.2018 15:17

В сабота Битолскиот Народен театар ја започнувува годинешниот творечки опус со премиерта „Коцкар“, во режија на Дејан Пројковски. Претставата зборува за страста на коцкањето, но и односот на Европјаните кон Русите, односно славјанските народи. На сцената ќе се појави и доанот на македонската глума, актерката во пензија Јоана Поповска...

Претставата „Коцкар“ работена по романот на Достоевски, а во режија на Дејан Пројковски е првта годинешна премиера на Битолскиот Народен театар. Преку ликовите на претстава се доловува лажното дефинирање на среќата. Страста на коцкањето преку рулетот прави постојано да се помеѓу рајот и пеколот, затоа што се надеваат дека само со едно негово вртење може да се стане некој друг. Надеж која нечесто ги води во пеколот.

„Целата претстава е не едно сизифовско искачување до врвот на планината, туку еден обратен процес на пропаѓање до дното“, вели режисерот на претставата, Дејан Пројковски.

Во фабулата на претставата сино провејува љубовта и односот кон Русите, односот на Европа кон славјанските народи, што според режисерот преку главниот лик се чувствува рускиот Хамлет.

„Што е тоа рускиот Хамлет, што е тоа македонскиот Хамлет? Ако ги смените зборовите Русите не се, и Македонците не се во Европа, ќе биде истото, дури и во 19-от век“, вели носителот на главниот лик, Огнен Дранговски.

„Односот што мојот лик го има со учителот во семејството, односно Алексеј Ивановиќ, е многу специфичен и досега таков не сум сретнала во драматургијата“, вели актерката Илина Чоревска.

Посебна привлечност на претставата ѝ дава тоа што на сцената ќе се појави и доаенот на македонската глума, актерката во пензија Јоана Поповска, која ќе настапи во ликот на Антонида Василаева.

Стевче Митревски