Масакр во САД

Кобен „Валентин“ во Флорида

15.02.2018 15:36

Масакр во Флорида. 19- годишник отвори оган во училиштето од кадешто бил избркан поради недисциплина. Уби 17 луѓе, ученици и возрасни, 20-ина се повредени. Напаѓачот, Николас Круз по грозоморниот чин мирно и се предал на полицијата. Денеска е обвинет по 17 точки за убиство со предумисла...

Дваесетина луѓе се убиени во средно училиште во Паркленд, Флорида откако поранешен ученик, кој бил отпишан од школото поради дисциплински прекрошоци, отворил оган кон пристуните. Со полуавтоматска пушка АР-15, 19-годишниот Николас Круз, усмрти 12 лица во објектот, меѓу кои има и ученици. Неколкумина настрадаа и пред училиштето каде што, според полицијата, почнале пукотниците. Очевидците велат дека несудениот матурант го активирал противпожарниот аларм пред да отвори оган. Носел гас- маска, а со димни бомби ги натерал присутните да побегнат во ходникот каде што потоа лесно можел да ги бира жртвите во толпата.

Избезумени беа сите. Некои стоеја вкочанети, некои се јавуваа на мобилните телефони. Првин мислеа дека е шега, но не беше.

Знаев дека се случува нешо пострашно. Сите пишуваа пораки, мислам дека сакаа да ги информираат другите што се случува.

Оние коишто го познавале Круз очекувале дека ќе се случел ваков инцидент бидејќи подолг период тој објавувал загрижувачки пораки и фотографии на социјалните мрежи.

Го избркаа од училиште. Правеше невидени работи. Носеше и оружје, лично имам виденот неколку парчиња, ми ги покажуваше.

Џим Луис, адвокатот на семејството на осомничениот тврди дека никој не забележал предупредувачки знаци. Круз бил посвоено дете. Работел во продавница и посетувал центар за образование на возрасни.

Момчето живееше овде во последните 90 денови. Неговата мајка почина во ноември и ова семејство ја презеде обврската да се грижи за него. Го познаваат од средното училиште. Шокирани се и немаат коментар. Рекоа дека ќе соработуваат во истрагата“, изјави Џим Луис, адвокат на семејството на Круз.

По масакрот Круз мирно им се предал на полициските службеници.

Згрозен сум што се убиваат деца кои одат на училиште. Оваа нација мора да направи нешто. Доколку некој има психички проблеми треба да се лекува. И тие кои се жртви на вакво заболување не смеат да купуваат, да имаат пристап или да носат огнено оружје. Не смеат да се комбинираат овие две работи“, изјави Скот Израел, шериф.

На Твитер, претседателот Доналд Трамп им изрази сочувство на семејствата на жртвите, дополнувајќи дека со силите на редот Белата Куќа работи на утврдувањето на причините за трагедијата. Осуда за нападот , но и за пасивниот однос на Конгресот упати сенаторот Крис Марфи, демократскиот претставник од Конектикат каде што во сличен масакр загинаа 26 луѓе.

Само во САД се случува епидемија на масовно крвопролевање, серии училишни масакри. И не е поради коинциденција или малер, туку поради пасивност. Ние сме одговорни за ужасите во земјава. Како родител, умирам од страв дека ова тело не ја сфаќа сериозно безбеноста на моите деца“, изјави сенаторот Крис Марфи.

Ова е шестиот вооружен инцидент во училишен објект годинава во САД во кој има повредени или загинати.

 

Маја Филдишев