Тилерсон во посета на Турција

16.02.2018 10:29

Тилерсон во Анкара ќе има средба и со неговиот домаќин, турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Според Стејт департментот, на средбата меѓу турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон биле разгледани начини за подобрување на билатералните односи.

Кабиентот на турскиот претседател, пак, информира дека Ердоган ги изнел очекувањата во однос на сириското прашање. Тилерсон во Анкара ќе има средба и со неговиот домаќин, турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Односите беа влошени поради американската поддршка на Силите за заштита на народот на сириските Курди, кои Анкара ги смета за терористичка организација и огранок на Курдската работничка партија (ПКК).