Светската финансиска елита на меѓународна конференција во Скопје

16.02.2018 11:11

Ќе се разговара за глобалниот раст, за инфлацијата, геополитичките ризици и монетарните политики на највлијателните централни банки во светот. 80 учесници од странство и 200 гости ќе разменуваат информации и искуства околу најновите текови на светската економија.

Светската финансиска елита денеска на меѓународна конференција во Скопје, во организација на Народната банка. Ќе се разговара за глобалниот раст, за инфлацијата, геополитичките ризици и монетарните политики на највлијателните централни банки во светот. 80 учесници од странство и 200 гости ќе разменуваат информации и искуства околу најновите текови на светската економија. Гостите се од Европската централна банка, ММФ, како и повеќе гувернери на европски народни банки.

Меѓу нив се Беноа Кере, еден од шесте постојани членови на Европската централна банка, Тао Џанг, заменик главен директор на Меѓународниот монетарен фонд и Луиз Авазу Переира да Силва, заменик главен директор на Банката за меѓународни порамнувања. Најавено е присуство и на гувернерот на централната банка на Исланд и на вицегувернерите на централните банки на Чешка и Литванија, како и на претставници од најголемата финансиска корпорција за управување со финансиски средства во светот - БлекРок.

Од Народната банка на Република Македонија велат дека овој настан е ретка можност за Македонија. Конференцијата е поделена на четири сесии, а целта е да се направи оцена на тековната состојба и на идните изгледи на глобалната економија.