Тридневна безбедносна конференција во Минхен

16.02.2018 11:21

Воведните говори ги имаат германскиот и францускиот министер за одбрана Урсула Вон Ден Лејен и Флоренс Парли, а потоа и генералниот секретар на Обединетите Нации, Гутереш, генерланиот секретар на НАТО, Столтенберг и емирот од Катар ал-Тани.

Од денеска до недела, над 30 шефови на држави и влади и над 100 министри од целиот свет ќе разменуваат идеи за најголемите сигурносни предизвици на Минхенската безбедносна конференција.

Воведните говори ги имаат германскиот и францускиот министер за одбрана Урсула Вон Ден Лејен и Флоренс Парли, а потоа и генералниот секретар на Обединетите Нации, Гутереш, генерланиот секретар на НАТО, Столтенберг и емирот од Катар ал-Тани.

Ќе се разгледаат можностите за идната соработка во безбедносната политика низ Европа и постојаните закани за меѓународниот поредок.