САД

Демократите бараат над милијарда долари за кибер безбедност на изборите

16.02.2018 12:05

Специјалните служби претходно најавија дека е голема веројатноста Русија повторно да се вмеша.

Демократите во американскиот Конгрес поднесоа предлог- закон со кој се предвидува сума повисока од милијарда долари за подобрување на кибернетичката заштита на американскиот изборен систем.

Специјалните служби претходно најавија дека е голема веројатноста Русија повторно да се вмеша.

По изборите во 2016 година, на кои беше избран републиканецот Доналд Трамп, конгресмените поднесоа неколку закони за подобрување на безбедноста на изборниот систем кои не беа прифатени.