Напади на грчки хакери врз турски банки

16.02.2018 12:34

Во соопштението на социјалните мрежи, групата наведува дека целта била да се одмаздата на неодамнешните турски провокации кај Имија/ Кардак во Егејско Море поради судирот на турски и грчки брод.

Грчка хакерска група извршила кибернетички напади врз најголемите турски банки и врз една консултантска компанија од сферата на одбраната.

Во соопштението на социјалните мрежи, групата наведува дека целта била да се одмаздата на неодамнешните турски провокации кај Имија/ Кардак во Егејско Море поради судирот на турски и грчки брод.

Атина и Анкара водат територијален спор околу суверенитетот на овие острови.