САД против размена на територии меѓу Србија и Косово

16.02.2018 12:45

Претставниците од Вашингтон додаваат дека го поддржуваат дијалогот под покровителство на ЕУ и се подготвени да помогнат во процесот за постигнување на договор и нормализирање на односите на двете страни.

Американската амбасада во Приштина е против размена на територии меѓу Косово и Србија бидејќи може да предизвика нови проблеми.

Претставниците од Вашингтон додаваат дека го поддржуваат дијалогот под покровителство на ЕУ и се подготвени да помогнат во процесот за постигнување на договор и нормализирање на односите на двете страни.

Министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел за време на посетата на Косово потенцираше дека ако Србија сака да стане дел од блокот, треба да ги исполни критериумите на законска држава и да ја признае независноста на Косово.