Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ одбележува 68 години постоење

19.02.2018 10:50

Завесата на театарот првпат се кренала на 18-ти февруари 1950-та година со изведбата на претставата „Кир Јања“ од Јован Стерија Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски.

Со изведбата на комедијата „Од кол на кол“ во режија на Коле Ангеловски, Прилепскиот Народен театар „Војдан Чернодрински“ вечерва ќе одблежи 68 години постоење.

Завесата на театарот првпат се кренала на 18-ти февруари 1950-та година со изведбата на претставата „Кир Јања“ од Јован Стерија Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски.

Како што информираат од Прилепскиот театар, во 68-те години биле изведени над 370 премиери, одиграни над 7.500 претстави кои ги гледале преку 1 милион и 600 илјади љубители на театарската уметност.