СУМАТРА

Активиран вулканот Синабунг

19.02.2018 10:56

Засега нема повредени лица или жртви. Во последниве години, поради зачестените ерупции, 30.000 луѓе ги напуштија своите домови.

Поради ерупцијата на вулканот Синабунг на индонезискиот остров Суматра и пепелта којашто се исфрла и до височина од 5 километри беше издадено предупредување за авиокомпаниите.

Засега нема повредени лица или жртви. Во последниве години, поради зачестените ерупции, 30.000 луѓе ги напуштија своите домови.

Индонезија е дел од Пацифичкиот огнен прстен којшто е сеизмички активен појас. На нејзината територија се регистрирани околу 130 активни вулкани.