Тевдовски: Нов Закон за буџети со среднорочно буџетирање до крајот на годинава

19.02.2018 12:08

Како што посочи министерот за финансии, новиот закон за буџети ќе постави и услови фискален совет, кои пак се во насока на водење на одржлива фискална политика, зголемена буџетска дисциплина и одговорност...

Нов ревидиран Закон за буџети до крајот на годинава, со кој буџетите ќе се планираат во среднорочна рамка и ќе се создадат услови за воведување фискален совет, најави министерот за финансии Драган Тевдовски на првиот состанок на Советот за спроведување на Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018- 2021, соопштија од ресорот финансии

„Законот за буџети ја дава рамката за управување со јавните финансии во земјата. Со него се регулира целокупниот буџетски процес, вклучувајќи ги главните учесници во буџетскиот процес, постапката за подготовка и усвојување на Буџетот, извршувањето на Буџетот и завршната сметка, управувањето со буџетските распределби на средствата и подготовката на Среднорочната фискална стратегија. Со новиот ревидиран закон за буџети ќе се направат промени во насока на поставување на среднорочна рамка во која ќе се планираат годишните буџети“, истакна Тевдовски.

Како што посочи министерот за финансии, новиот закон за буџети ќе постави и услови фискален совет, кои пак се во насока на водење на одржлива фискална политика, зголемена буџетска дисциплина и одговорност, зголемен кредибилитет на макроекономската политика и правична и одржлива распределба на расходите помеѓу сегашните и идни генерации.