Заложничка драма во затвор во Бразил

19.02.2018 12:12

Неколку часа група затвореници држеа седум чувари во заложништво...

Тројца затвореници беа ранети во нередите кои се случија во затвор во Рио.

Неколку часа група затвореници држеа седум чувари во заложништво, откако бразилскиот претседател Мишел Темер соопшти дека раководењето со Министерството за внатрешни работи во сојузната држава Рио де Жанеиро преминува во надлежност на армијата.

Во затворот со капацитет за 900 затвореници, казна издржуваат над 2.000 лица.