Горивата поевтинуваат за 2,5 денари по литар

19.02.2018 12:56

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 67, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 57, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 45,5 денари за литар.

Цената на горивата од ноќeска на полноќ се намалува за 2,5 денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 67, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 57, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 45,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,243 денари за килограм се намалува и  малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 27,856 денари за килограм.

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,19, односно за 4,21 отсто.

Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 7,21 отсто пониската  просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,047 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.