Лавров: САД да не си играат со оган во Сирија

19.02.2018 13:48

Лавров ги повика Соединетите Американски Држави да не си играат со оган во Сирија и да прават одмерени чекори во врска со сирискиот народ и регионот.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги повика Соединетите Американски Држави да не си играат со оган во Сирија и да прават одмерени чекори во врска со сирискиот народ и регионот.

На отворањето на конференцијата на меѓународниот дебатен клуб „Валдаи“, насловена „Русија на Блискиот Исток: Игра на сите полиња“, Лавров изјави дека треба да се гледаат долгорочните интереси на сирискиот народ и сите народи во регионот, вклучувајќи ги и Курдите.