Прилепскиот театар одбележува 68 години постоење

19.02.2018 16:00

Прилепскиот Народен театар „Војдан Чернодрински“ обележува 68 години постоење од првата одиграна претстава „Кир Јања“ во 1950 година. Со 370 премиери и со 7.500 претстави оваа театарска куќа е меѓу доајените во македонската театарска сцена. Ансамблот го има искуството со познати театарски имиња, но и со млади актери на сцената, многу награди, но останува уште еден сон на ансамблот- да добие нова театарска куќа...

Со претставата „Од кол на кол“ која бележи своевиден децениски јубилеј, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ одбележува 68 години постоење.  Преку 370 премиери, со 7.500 одиграни претстави кои ги гледале над 1,6 милиони посетители, ансамблот е горд на постигнувањата а наградите, домашни и меѓународни, се непобитен доказ. Тетарот останува магија, а за долг век на претставите многу е битен изборот на репертоарот.

Меѓу претставите кои останувата култни и со многу домашни и меѓународни награди, се паметат „Тапани во ноќта“, „Кавкаскиот круг со креда“, „Силјан Штркот“, „Собирен центар“, „Солунски патрдии“, „Спиро Црне“, „Колобан“, „Арсениј“, „Полковникот птица“, „Опера за три гроша“.

Врвната театарска уметност е непресушна, но ансамблот сѐ уште сонува за нова зграда.

 

Елизабета Митреска