АХВ: Македонија во 2021-ва станува извозник на свињи и свинско месо

20.02.2018 14:45

Во 2021-ва година Македонија треба да стане земја- извозник на видови свињи и свинско месо- најавуваат од надлежната Агенција. За ова е изработен акционен план кој се однесува на одгледувањето на свињарството во земјава.

Македонија да стекне статус на земја слободна од заразната болест- класична чума кај свињите и до 2021-ва година да почне да извезува свежо месо. Агенцијата за храна и ветеринарство го претстави планот.

Предвидени мерки за зајакнување на биосигурносните мерки во одгледувалиштата и засилен мониторинг на кланиците, ќе се подобрува системот за идентификација и регистрација на свињи во Македонија, а ќе се прекине превентивната вакцинација од класичната свинска чума.

Фармерите велат дека во поголемите капацитети има добри мерки за заштита. Домашните потреби се задоволуваат, се прават плановите за извоз.

За подобрување на состојбите во оваа дејност се користат и европски искуства.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека нивниот акциски план за справување со класична чума кај свињите ќе биде земен како урнек за да можат и другите земји во светот да го употребат.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска