ССК

Нагада за Арсовска на Светскиот инвестициски форум на бизнис- ангели

20.02.2018 14:52

За време на тридневниот форум, Арсовска од ССК ќе биде специјален говорник на самитот за влијанието на инвестициите, со фокус на улогата на жените- лидери...

Претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска наградена на Светскиот инвестициски форум на бизнис- ангели во Истанбул. Таа го понесе признанието за најдобар пример за бизнис- жена во Југоисточна Европа.

Меѓу шесте добитници на наградите е и Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. За време на тридневниот форум, Арсовска од ССК ќе биде специјален говорник на самитот за влијанието на инвестициите, со фокус на улогата на жените- лидери во процесот на инвестирање со добивка.