ИД сака да ја преземе трговијата со хероин во Авганистан

20.02.2018 17:06

Според анализи на некои светски организации направени изминатите години, Исламската држава заработува една милијарда долари годишно со шверц на авганистански хероин преку териториите што ги контролира.

Разузнавачките служби на Заедницата на независни држави веруваат дека терористичката група Исламска држава ќе се обиде да ја преземе трговијата со хероин во Авганистан.

Според анализи на некои светски организации направени изминатите години, Исламската држава заработува една милијарда долари годишно со шверц на авганистански хероин преку териториите што ги контролира.

Истовремено, производството на мак и афион, од кои се произведува хероин, во Авганистан во изминатата година е зголемено за неколку стотици пати.