ВАШИНГТОН

Трамп бара забрана на модифицирање на огнено оружје

21.02.2018 10:36

Претходно од Белата куќа беше соопштено дека претседателот ќе разгледа и други рестрикции во врска со оружјето и неговата набавка.

Американскиот претседател Доналд Трамп презел чекори за донесување прописи со кои ќе се оневозможи модификација на огненото оружје во автоматско, како што тоа го направи напаѓачот во Лас Вегас, кој лани уби 58 луѓе.

Претходно од Белата куќа беше соопштено дека претседателот ќе разгледа и други рестрикции во врска со оружјето и неговата набавка.

Најновата одлука на Трамп доаѓа неколку дена по нападот во средно училиште во Флорида каде поранешен ученик уби 17 лица.