Сергеј Лавров во посета на Словенија и Србија

21.02.2018 11:05

Вечерва пристигнува во Белград на покана на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ по повод одбележувањето на 180 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Србија и Русија.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е во посета на Словенија и Србија. Во Љубљана ќе потпише меморандум за основање Меѓународен центар на Втората светска војна.

Вечерва пристигнува во Белград на покана на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ по повод одбележувањето на 180 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Србија и Русија.

„Москва не се противи на приближувањето на Србија и на земјите од регионот во ЕУ, но условувањето од Брисел за земјите- кандидати да бираат меѓу Русија или Запад е погрешна политика“, додаде Лавров пред почетокот на балканската минитурнеја.