Источна Гута: Над 100 убиени цивили во 48 часа

21.02.2018 11:56

По хемискиот напад во областа во август 2013 година, во кој загинаа стотици луѓе, овие две деноноќија се сметаат за најкрвави.

Најмалку 106 цивили загинаа во последните бомбардирања на сириските владини сили врз Источна Гута, контролирана од бунтовниците, со што купниот број на загинати во изминативе 48 часа достигна 250 лица.

По хемискиот напад во областа во август 2013 година, во кој загинаа стотици луѓе, овие две деноноќија се сметаат за најкрвави.

Русија, Иран и Турција ја прогласија Источна Гута за зона на деескалација.