ОН: Преговори за светски договор за миграции

21.02.2018 11:59

Предложени се 22 конкретни мерки, како собирање на податоци за мигранти, обезбедување документи за нивна идентификација, обезбедување на специјална грижа...

Државите членки на ОН, со исклучок на САД, почнуваат преговори за постигнување светски договор за миграции.

Предложени се 22 конкретни мерки, како собирање на податоци за мигранти, обезбедување документи за нивна идентификација, обезбедување на специјална грижа за жените и децата, достапност до социјалните услуги за мигрантите, како и мерки против дискриминацијата.