За два часа Скопје- Варшава, директен лет со ЛОТ

21.02.2018 15:08

Од Скопскиот преку Варшавскиот аеродром се отвораат портите за брз трансвер кон прекуокеанските Њујорк, Лос Анџелес, Токио. Со новата рута, за полските туристи предизвик историјата, културата убавините на Македонија...

Од први јуни, директен лет Скопје- Варшава. Шест пати неделно за два часа до полската метропола. Со новата линија на Полиш Ерлајнс- ЛОТ за македонските патници брз пристап до нови 90 конекции. Од Скопскиот преку Варшавскиот аеродром се отвораат портите за брз трансвер кон прекуокеанските Њујорк, Лос Анџелес, Токио. Со новата рута, за полските туристи предизвик историјата, културата убавините на Македонија. Нова димензија на соработка и зајакнување на бизнис релациите меѓу двете земји.

„За Полско- македонските односи ова е квалитативна промена, преку редовната авионска врска, Полска ја гледа Македонија како многу интересен и перспективен партнер, историски нѐ поврзуваат многу работи. А во последните години и растечки број на турсити од Полска кои ја посетуваат Македонија, ги има во Охрид, Скопје, Трескавец, Кањонот Матка“, вели Јецек Мултановски, амбасадор на Полска во Република Македонија.

Речиси 30 илјади полски туристи годишно ја посетуваат Македонија. Минатотот лето со дирекни чартер летови речиси пет илјади гости од Катовице слетаа на Охридскиот аеродорм. Од ТАВ очекуваат, новата авиолинија да го зголеми бројот.

„Ова ќе придонесе во развој на деловните односи, развивање на економијата и туризмот во земјава. Полска ќе биде многу значајна за нас затоа што ќе обезбеди конекција која на патниците ќе им овозможи спојување со останатите држави од Западна Европа, Северна Америка и Скандинавија“, вели Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Од Варшавскиот аеродром Шопен, дневно се опслужуваат по 360 летови. Со ЛОТ кон 15 градови на Балканот. Од Скопскиот аеродром со 11 редовни авиолинии директно се лета до 36 дестинации. Од Охридскиот кон три. Менаџментот на ТАВ Македонија најави летово чартер летови од Талин, Амстердам и Катовице.

Сузана Фиданска Стоевска