САД: Фатални несреќи поради снежно невреме

21.02.2018 15:12

На патиштата се регистрирани стотици сообраќајни несреќи во кои има и жртви.

Невреме проследено со замрзнат дожд и снег погоди голем дел од Соединетите Американски Држави. На патиштата се регистрирани стотици сообраќајни несреќи во кои има и жртви.

Во некои градови се затворени училиштата. Американската метеоролошка служба издаде совети за однесување во зимски услови во појасот држави од Тексас, па сѐ до големите езера.