ООН

Совет за безбедност: Русија бара седница за Источна Гута

22.02.2018 11:28

Генералниот секретар на Организацијата Антонио Гутереш апелираше за итен прекин на огнот и доставување на хуманитарна помош.

Русија бара седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата во Источна Гута, каде што сириските провладини сили ги бомбардираат бунтовниците, кои се под опсада.

Генералниот секретар на Организацијата Антонио Гутереш апелираше за итен прекин на огнот и доставување на хуманитарна помош.

Во наредниот период се очекува гласање за предлог-резолуција за едномесечен прекин на огнот во Сирија.