Исплатена октомвриската плата на вработените во „Фени“

22.02.2018 11:58

Оваа плата беше влезена во стечајната маса, а исплатата беше договорена со гранковиот синдикат СИЕР.

Закупецот на кавадаречки „Фени“, швајцарската компанија „Гсол“ им ја исплати октомвриската плата на 748-те работници во комбинатот. Оваа плата беше влезена во стечајната маса, а исплатата беше договорена со гранковиот синдикат СИЕР.

„Гсол“ има уплатено 10 милиони евра како гаранција за рестартирање на проиводството во „Фени“, а се преговара и со камионските транспортери за регулирање на нивните побарувања.