Нова европска директива

Македонската осигурителна индустрија пред нови предизвици

22.02.2018 14:41

Европската директива „Солвентност 2“ ќе донесе промени во работата на друштвата за осигурување, супервизијата и за корисниците на осигурувањето. Според експертите, ова се очекува да влијае на бизнисот.

Поголема транспарентност и повисоко ниво на корпоративно управување ќе треба да обезбедат компаните. Ова го предвидува новата Европска директива за осигурување. Построгите барања имаат цел да ги заштитат и осигурениците и осигурителниот пазар. Според првиот човек на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Попоски, македонската осигурителна индустрија се наоѓа пред нови предизвици.

„Со цел да произведиме нов закон, и како да го имплементираме тој закон, имајќи предвид колку е робустна оваа директива и колку промени очекуваме да предизвика врз осигурителниот сектор во Република Македонија“, вели Попоски.

Европската директива „Солвентност 2“ ќе донесе промени во работата на друштвата за осигурување, супервизијата и за корисниците на осигурувањето. Според експертите, ова се очекува да влијае на бизнисот. Европските искуства покажуваат, и малите и средните претпријатија се на удар, но во истовреме се и поконкурентни на осигурителниот пазар.

„Околностите по кои треба да се имплеметира новата регулатива, а тоа е пред сѐ опкружување на ниски каматни стапки, што влијае на перформансите на осигуритените компании“, изјави Карел Ван Хул.

Агенцијата за супервизија на осигурувањето за првпат ја организираше првата меѓународна актуарска конференција.

 

Дијана Ценевска