Флорида: Чуварот во училиштето не го спречил нападот

23.02.2018 11:27

Од видеоснимката на безбедносните камери било заклучено дека Питерсон стоел околу четири минути пред зградата додека поранешниот ученик Николас Круз усмртил 17 лица.

Шерифот на областа Броуард на Флорида, Скот Израел тврди дека полицаецот Скот Питерсон, кој бил на должност за време на масакрот во средното училиште во Паркленд, Флорида, не влегол внатре за да го спречи нападот.

Од видеоснимката на безбедносните камери било заклучено дека Питерсон стоел околу четири минути пред зградата додека поранешниот ученик Николас Круз усмртил 17 лица. 

19-годишниот напаѓач е уапсен и осуден.