УЈП со дополнителни шалтери за поднесување на Годишна даночна пријава

23.02.2018 12:03

Со цел доближување на услугите до даночните обврзници и избегнување на метежите, покрај шалтерите лоцирани во сутеренот во Регионалната дирекција Скопје, Управата за јавни приходи отвори и дополнителни шалтери за поднесување на Годишна даночна пријава

Во општинските згради на „Ѓорче Петров“, Бутел, Гази Баба и Аеродром како и на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници во зградата на ССМ, Управата за јавни приходи (УЈП) отвори дополнителни шалтери за поднесување на Годишна даночна пријава.

Од УЈП инфомрираат дека годишните даночни пријави во новотворените шалтери ќе можат да се вршат од 26 февруари до 15 март од 8 до 16 часот, во Аеродром до 18 часот, во Дирекцијата за големи обврзници до 21 часот исто како и на шалтерите лоцирани во сутеренот во Регионалната дирекција Скопје спроти Даре Џамбаз.

Заклучно со вчерашниот ден во УЈП се поднесени вкупно 85.031 Годишни даночни пријави, а од Управата очекуваат да се поднесат над 400 илјади даночни пријави до истекот на крајниот рок.