Русија ги обвини медиумите за дезинформации

23.02.2018 12:14

Во известувањата бил занамарен фактот дека во регионот постојат илјадници борци од терористичките организации кои намерно се кријат во образовни и медицински институции.

Постојаниот претставник на Русија во Обединети нации, Василиј Небензаја ги обвини медиумите за масовна кампања со дезинформации за ситуацијата во Источна Гута.

Во известувањата бил занамарен фактот дека во регионот постојат илјадници борци од терористичките организации кои намерно се кријат во образовни и медицински институции.

На седницата на Совет за безбедност на ОН за Сирија изјави дека локалниот медиумски центар во Гута и сириската цивилна заштита, познати како Бели шлемови, се главниот корен на скапа кампања за дезинформации против сириските власти и нивниот сојузник- Русија.

Светските лидери побараа итен прекин на огнот.