Колумбија

Конфискуван имотот на Ескобар

23.02.2018 12:27

Покрај луксузните домови, се конфискуваат и магацини, автомобили, земјиште и продавници.

25 години по смртта на наркобосот и најбараниот човек во Колумбија Пабло Ескобар, властите наредија конфискација на неговиот имот и на соработниците.

Имотот на Викторија Еухенија Енао, вдовицата на покојниот лидер на нарко картелот во Меделин, како и имотот на мајката и сестрата на Џон Хаиро Власкес Васкез, познат како Попај и еден од најблиските луѓе на Ескобар, се стекнати од активности поврзани со трговија со дрога.

Покрај луксузните домови, се конфискуваат и магацини, автомобили, земјиште и продавници.