СИРИЈА

Вонредна седница во ООН, борби во Африн

23.02.2018 13:26

Шведска и Кувајт доставија предлог-резолуција која предвидува 30-дневен прекин на огнот, како и пристап до источна Гута на хуманитарните работници. Во регионот има стотици жртви и повредени...

На вонредната седница за Сирија одржана во Советот за безбедност во Њујорк, беше заклучено дека земјата се соочува со хуманитарна катастрофа, која можела да се предвиди и да се спречи.

Шведска и Кувајт доставија предлог-резолуција која предвидува 30-дневен прекин на огнот, како и пристап до источна Гута на хуманитарните работници. Во регионот има стотици жртви и повредени, другите немаат основни услови за живот. Во местото Хараста, 80 проценти од луѓето живеат под земја. Светските лидери побараа итен прекин на огнот.

Воени жаришта и во други делови од Сирија. Генералштабот на турските вооружени сили соопшти дека во Африн е погоден конвој од 30 до 40 возила на курдски борци.

Турската армија на 20 јануари ја почна воздушна и копнена офанзива Маслиново гранче во сириската област Африн, која е под контрола на курдски борци.