Јужна Кореја: Пратеници бараат егзекуција на олимписки делегат од Северот

23.02.2018 14:00

Ким Јон Чол ќе ја води осумчлената делегација на Северна Кореја, која ќе пристигне во недела за церемонијата на затворањето на Олимписките игри.

Членовите на парламентот во Република Кореја протестираа против посетата на висок севернокорејски генерал на Олимпијадата во Пjонгчанг, кого го сметаат за воен злосторник, одговорен за потонувањето на воен брод во 2010, и инсистираат за негова егзекуција.

Ким Јон Чол ќе ја води осумчлената делегација на Северна Кореја, која ќе пристигне во недела за церемонијата на затворањето на Олимписките игри.

Во серијата напади врз Југот, вклучувајќи и торпедирање на брод на Сеул пред осум години загинаа 46 лица.