Турција: Спор со Холандија поради геноцидот на Ерменците

23.02.2018 14:34

Турција ја осуди резолуцијата која доби огромна поддршка од холандските пратеници, од кои само тројца гласаа „против“.

Турското министерство за надворешни работи по вторпат неделава го повика холандскиот амбасадор во Анкара откако пратениците во Холандија изгласаа признавање на масовните убиства врз Ерменците од Отоманската империја за време на Првата Светска војна, што се смета за геноцид.

Турција ја осуди резолуцијата која доби огромна поддршка од холандските пратеници, од кои само тројца гласаа „против“.

Холандски претставници на владата во април во Ерменија ќе присуствуваат на комеморација за жртвите од 1915 година.