Бизнисот чека државната помош поскоро да го мине Парламентот

23.02.2018 15:46

Финансиската подршка за компаниите зависи од ефикасноста на Парламентот. Владата апелира што поскоро да се усвои регулативата за да се достават средствата до фирмите. Совет и до приватниот сектор да конкурира за парите...

Од ефикасноста на Парламентот зависи кога компаниите ќе ја добијат државната помош за инвестиците. Регулативата што треба да обезбеди финансика поддршка од 50- тина милиони евра, првично проектирана да се применува од почетокот на март годинава, сѐ уште се на увид на платформата на ЕНЕР. Допрвин треба да го мине владиниот, па собранискиот филтер. Владата пак, бара модел како да го вметне и субвенционирањето на малите и средни фирми, дел од третиот столб од мерките за економски раст.

„Ги повикувам сите пратеници, што побргу да го изгласаат овој Закон, затоа што овој Закон е во интерес на бизнис заедницата и да почнеме во пракса да го имплементираме. Што се однесува до третиот столб, во кој се малите и средни претпријатија, ние како Министерство за економија, заедно со Канцеларијата на потпретседателот на Владата за економски прашања, подготвуваме начин како тие да ги субвенционираме и тие во Законот ќе бидат вметнати со преодни одредби или пак со јавен конкурс преку „Фондот за иновации“ или Секторот за мали и средни фирми при Министерството за економија“, вели Крешник Бектеши, министер за економија.

Од Владата убедуваат дека роковите за импементација на Законот до крајот на следниот месец ќе бидат запазени, компактибилни со завршните сметки на компанните потребни да аплицираат за државната поддршка. Според надлежните ќе може да добијат и до 70 насто од вредноста на направените трошоци за инвестициски проекти за развивање нови производи. Нивниот развој ќе биде стимулиран и со 30 проценти поврат на директните трошоци во инвестициските проекти.

Пристапот до Финансии за зголемување на продуктивноста, поттикнување инвестиции, и нова работна сила ќе го помага и УСАИД.

„Со проектот за развој на деловниот еко- систем и воспоставеното партнерство со деловниот сектор се заменува традициналниот модел на развој на помош со пристап кој го препознава и искористува потенцијалот на македонскиот приватен сектор за движење на развојот преку создавање работни места, економски раст и корпоративна општествена одговорност“, рече Брок Бирман, заменик директор на Бирото на УСАИД за Европа.

Проектот за деловен екосистем тежи 6,2 милиона долари. Треба да го поттикне локалниот економски развој и да креира речиси 5.800 нови работни места.

Сузана Фиданска - Стоевска