ЕУ ќе закрепнува по Брегзит

23.02.2018 16:30

По Брегзит, Европската унија подготвена да закрепнува економски и безбедносно. Лидерите на земјите членки со план...

Спорот за името меѓу Македонија и Грција не создава небезбедност на транзитниот коридор за мигрантите- Западен Балкан, конкретно затворената рута на потегот Грција- Македонија, изјави Бојко Борисов, премиер на Бугарија, држава која претседава со ЕУ.

„Не сум почуствувал небезбедност. Не можам да зборувам од името на другите колеги, како тие гледаат на тоа. Дури и на темата Грција- Скопје, Македонија. Подобро би звучело Атина- Скопје. Затоа што ние помагаме, и не сакам да осатвам впечаток дека им се мешаме во внатрешните работи, тоа е работа на двете засегнати држави“, рече бугарскиот премиер Борисов.

Сепак, за оваа тема ќе се разговара на средбите со германската канцеларка Меркел и грчкиот премиер Ципрас и со претседателот на Европската комисија, Јункер. Западниот Балкан ќе биде тема и на состанокот на претесдателот на ЕК со лидерите на владите на 1-ви март во Софија. Што се однесува до илегалната миграција и причините за неа, лидерите на Германија и Франција, Меркел и Макрон решението го посочуваат во поголемо вложување во земјите од Субсахарска Африка, особено во образованието и здрството.

„Денеска направивме решителен напредок, бидејќи ќе се испланираат заедничките финансии во борбата против терористите. Германија ќе придонесе за тоа. И ние, исто така, се бориме против илегалната имиграција. Затоа Германија ги потенцира главните области на развој до 2020 година. Ќе потрошиме 1,7 милијарди евра за развојот на земјите од „Сахел“ во Африка“, нагласи германската канцеларка Меркел.

„Денешната конференција ја изразува нашата заедничка волја да го унапредиме овој африкански регион. Во минатото ни недостигаа напори за безбедност и развој, и затоа овој регион стана центар за трговија со луѓе, дрога и оружје“, рече францускиот претседател, Емануел Макрон.

Буџетот на ЕУ е едена од клучните теми на овој состанок поради недостигот во европската каса што ќе се појави по Брегзит.

Марина Стојанова- Тонева