Субвенции за проширување на производството

26.02.2018 10:07

Во март треба да се објави јавен повик за доставување на барања за кофинансирање на новите инвестиции во сточарството, лозарството, овоштарството и во пчеларството. Оние кои конкурирале лани и веќе инвестирале, барања за исплата на субвенциите можат да ги поднесуваат до 28-ми февруари.

Земјоделците кои имаат одобрение од платежната агенција за нови инвестиции, барања за исплата на субвенциите можат да ги достават до 28-ми февруари.

Во сточарството со 50 проценти се кофинансира набавката на јуници и приплодни грла овци, кози и свињи, а во растителното производство, подигнувањето на лозови и овошни насади, во периодот од 1-ви октомври до 31-ви декември 2017 година.

За новите инвестиции во добиток и во нови насади од 1-ви јануари до 30-ти септември оваа година, барањата за субвенции ќе се доставуваат до 30-ти септември.

Платежната агенција според програмата за рурален развој до 1-ви март треба да објави јавен повик за доставувања на барања за кофинансирање за набавката на пчелни матици, роеви и опрема за пчеларство, за механизација за житни и индустриски култури, за систем за наводнување-капка по капка за пченка, сончоглед и фуражни култури и за бунари за наводнување.

 

Методија Трајков