ВАШИНГТОН

НРА против предлогот за измена на законот за оружје

26.02.2018 11:16

Незадоволни се од мерката за покачување на старосната граница за купување на оружје и за забраната на посебни кундаци кои ја зголемуваат количината на куршуми кои оружјето може да ги истрела во минута.

Американската Национална асоцијација за оружје (НРА) го блокираше предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за измена на Законот за оружје, што беше изготвен по нападот во средно училиште на Флорида, во кој загинаа 17 лица.

Незадоволни се од мерката за покачување на старосната граница за купување на оружје и за забраната на посебни кундаци кои ја зголемуваат количината на куршуми кои оружјето може да ги истрела во минута.

Како превентивна мерка за смртоносни инциденти во образовните објекти, Трамп предложи и вооружување на наставниците.