Четворица загинати при експлозија во британскиот град Лестер

26.02.2018 11:30

Според полицијата, случајот не е поврзан со тероризам.

Четири лица загинаа, а шестмина се повредени при експлозија во продавница во британскиот град Лестер. Според полицијата, случајот не е поврзан со тероризам.

Покрај човечките жртви, експлозијата предизвикала и материјална штета. Уништена е двокатна зграда со деловен и станбен простор.