БРИСЕЛ

Продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина

26.02.2018 11:53

Предвидено е дводневните разговори да бидат посветени на неспроведените одредби од Бриселскиот договор, првенствено околу формирањето на Заедницата на српски општини.

Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина на техничко ниво. Предвидено е дводневните разговори да бидат посветени на неспроведените одредби од Бриселскиот договор, првенствено околу формирањето на Заедницата на српски општини.

Оваа рунда преговори требаше да се одржи на 16-ти јануари, но беше откажана поради убиството на еден од лидерите на косовските Срби, Оливер Ивановиќ.